Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 3:26-28

Даниел 3:26-28 MK2006

Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: „Седраху, Мисаху и Авде­наго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете.“ Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот, и штом се собраа локалните упра­вители, намесниците, воените началници и советниците на царот, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им беа изгорени, па дури и мирис на изгорено немаше на нив. Тогаш Навуходоносор рече: „Нека е благословен Бог на Седрах, Мисах и Авденаго, Кој го испрати Својот ангел и ги избави слугите Свои што се надеваа на Него и не ја послушаа царската заповед, па ги предадоа телата свои на огнот за да не служат и да не се поклонат на друг бог, освен на својот Бог!