Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 3:13-18

Даниел 3:13-18 MK2006

Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго; и ги доведоа тие луѓе пред царот. Навуходоносор им рече: „Вие, Сед­рах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте? Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?“ Одговорија Седрах, Мисах и Авде­наго и му рекоа на царот Навуходо­носор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа. Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нѐ спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нѐ избави. Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се поклониме.“