Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 12:1-13

Даниел 12:1-13 MK2006

„И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сѐ до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во Книгата. И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам. Разумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда – како ѕвездите, во веки, засекогаш. А ти, Даниеле, сокри ги овие зборо­ви и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овде-онде, обидувајќи се да разберат што се случува.“ Тогаш јас, Даниел, погледав и ете пред мене стојат други двајца, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката. Едниот му рече на човекот со ленена облека, кој стоеше над реката: „Кога ќе биде крајот на овие чудни работи?“ И чув, кога човекот со ленената об­лека, што се наоѓаше над реката, отка­ко ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот дека сето тоа ќе се изврши за време од три и пол години, кога ќе заврши ис­тоштувањето на Светиот Народ. Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: „Господаре мој, како ќе заврши сето тоа?“ Тој одговори: „Оди си Даниеле, заш­то тие зборови се сокриени и запечате­ни до последното време. Многумина ќе се очистат, ќе се из­белат и ќе бидат искушани; безбож­ниците ќе си останат безбожни, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ќе разберат. Од времето, кога ќе се прекрати се­којдневната жртва и ќе се постави Гнасниот Пустошник, ќе минат илјада двесте и деведесет денови. Блажен е оној што чека и ќе дочека илјада триста триесет и пет дена. А ти оди кон својот крај, и отпо­чини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето.“