Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 1:8-17

Даниел 1:8-17 MK2006

Даниел науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното што го пиеше царот, па затоа го за­моли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува. Бог му даде на Даниел милост и благонаклоност кај началникот на дворјаните. И така, началникот на дворјаните му рече на Даниел: „Се плашам од својот господар, царот, кој лично ја определи храната и пиењето; ако ги види вашите лица послаби, отколку што се кај момчињата, вашите врсници, вие ќе го доведете во опасност мојот живот пред царот.“ Тогаш Даниел му рече на чуварот, кого го беше поставил над Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија началникот на дворјаните: „Обиди се со слугите свои – десет дни нека ни даваат зеленчук како храна и вода како пиење; а потоа нека се јават пред тебе нашите лица и лицата на оние момчиња што се хранат од царската трпеза, па потоа постапувај со слугите свои, како што ќе мислиш да е добро.“ Тој ги послуша во тоа и направи таков обид со нив десет дена. По десетте дена лицата нивни из­гледаа поубави, а и телесно беа пополни од сите оние момчиња, што се хра­неа со царските јадења. Оттогаш чуварот им даваше зелен­чук, наместо царската храна. И им дарува Бог на четирите мом­чиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниел му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа.