Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 3:5-17

Колосјаните 3:5-17 MK2006

Затоа умртвете ги органите од земната природа во вас, односно блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство! Поради тие пороци доаѓа гневот Божји врз синовите на непослушноста, меѓу кои некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци. А сега и вие отфрлете сѐ од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста! Не лажете се еден со друг, зашто ве­ќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела, и се облековте во новиот, кој се об­новува во познанието, според образот на својот Создател. Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос. И така, како избраници Божји, све­ти и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; трпете се еден со друг и проштавај­те си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете! А над сето тоа облечете се во љу­бов, која сѐ сврзува во совршенството, и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни! Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пе­ејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши! И сѐ што правите со збор или со де­ло, правете го во името на Господ Исус Христос, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Колосјаните 3:5-17