Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 3:14-25

Колосјаните 3:14-25 MK2006

А над сето тоа облечете се во љу­бов, која сѐ сврзува во совршенството, и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни! Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пе­ејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши! И сѐ што правите со збор или со де­ло, правете го во името на Господ Исус Христос, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот! Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во име­то на Господ! Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги! Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е бла­го­угодно на Господ! Татковци, не дразнете ги децата свои, за да не паѓаат со духот! Вие, слуги, во сѐ бидете им пос­луш­ни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во простота на срцето, со страхопочит кон Бога! И сѐ што правите, правете го од ду­шата, како за Господ, а не за луѓе, знаејќи дека како награда ќе добиете од Господ наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите. А кој врши неправда, ќе добие според неправдата своја; и нема да има пристрасност!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Колосјаните 3:14-25