Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 2:6-23

Колосјаните 2:6-23 MK2006

Поради тоа, како што Го примивте Господ Исус Христос, така и одете по Него, вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте на­учени, изобилувајќи во неа со благодарност. Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; зашто во Него телесно живее сета пол­нота на Божеството, и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт; во Него сте и обрезани преку нера­котворено обрезание, откако го соб­лековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово; откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите. И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови; извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот; и, откако ја зграби силата од на­чал­ствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив. Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или саботи; тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос. Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ан­ге­ли­те, впуштајќи се во она што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум, и не се придружи кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење спо­ред Бога. И така, ако вие со Христос умревте за почетоците на светот, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот; „Не се фаќај, не вкусувај, не пипај!“ Сите тие се определени за распа­ѓа­ње – кога се управуваат според човечки­те заповеди и учења. Тие само наликуваат на мудрост во своеволното богослужење, во лажните понизности и во нештедењето на телото, но тоа нема никаква вредност, освен што го заситуваат телото.