Сакам да знаете во каква голема борба сум заради вас и заради оние што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои не ме видоа лично. Нека се охрабрат срцата нивни та, соединети во љубов во секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христос, во Кого се скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето. А ова ви го велам за да не ве измами некој со лукави зборови; зашто, макар и да сум отсутен со телото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христос. Поради тоа, како што Го примивте Господ Исус Христос, така и одете по Него, вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност. Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството, и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт
Прочитај Колосјаните 2
Слушни за Колосјаните 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Колосјаните 2:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа