Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 1:1-8

Колосјаните 1:1-8 MK2006

Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј, до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Гос­под Христос! Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас, бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, ко­ја ја имате кон сите светии, поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле од словото на вистината – Еванге­ли­ето, кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината; како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е ве­рен служител Христов заради вас, и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.