И Амасија, свештеникот ветилски, порача до израелскиот цар Јеровоам, да му кажат: Амос крева бунт против тебе меѓу домот Израелов; земјата не може да ги трпи зборовите негови, зашто тој вака вели: од меч ќе умре Јеровоам, а Израел бездруго ќе биде одведен од земјата своја во ропство. И му рече Амасија на Амос: јасновидецу, оди си и насели се во земјата Јудина; таму јади леб и таму пророкувај, а во Ветил не пророкувај веќе, зашто тој е светиња царева и е царски храм.
Прочитај Амос 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Амос 7:10-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа