Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Амос 5:18-27

Амос 5:18-27 MK2006

Тешко вам, кои го барате денот Господов! Зошто ви е тој ден Господов? Тој е темнина, а не светлина. Тоа е како некој да бега од лав, па да го сретне мечка, или да дојде дома и се потпре со раката на ѕид, па да го касне змија. Денот Господов е мрак, а не светлина, тој е мрак, и во него нема виделина. Ги мразам и ги отфрлувам празни­ците ваши и не ги помирисувам жртви­те ваши во времето на вашите прослави во собранијата. Ако ми принесете сепаленица и ле­бен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодар­ствената жртва од вашите угоени телиња. Отстрани ја од мене бучавата на твоите песни, зашто звуците на твојата харфа нема да ги слушам. Правдата нека тече како вода, и справедливоста – како силен поток. Зар ми принесувавте жртви и дарови во лебови во пустината во текот на четириесетте години, доме Израе­лов? Ќе ги носите Сикут, вашиот цар и Кијун, вашиот бог, ликовите што сами си ги направивте, поради што ќе ве прогонувам зад Дамаск, вели Господ, чие име е Бог Саваот.