Чујте го овој збор, што го кажа Господ против вас, синови на Израел, против целото племе, кое го изведов од земјата египетска, велејќи: само вас ве признав од сите земни племиња, поради тоа и ќе ве казнам поради сите ваши беззаконија. Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе? Рика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа? Паѓа ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Ќе се подигне ли од земјата стапица, ако не се фати ништо во неа? Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ? Зашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги – пророците.
Прочитај Амос 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Амос 3:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа