Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 9:17-22

Дела 9:17-22 MK2006

А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи рацете свои над не­го, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.“ И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и кога ста­на, се крсти. А откако прими храна, Савле зак­репна. Потоа неколку дена преседе со учениците во Дамаск; и веднаш почна да проповеда во си­нагогите за Исус дека е Тој Син Божји. И сите што го слушаа, се чудеа и зборуваа: „Не е ли ова оној, кој во Еру­салим ги гонеше оние што го повикуваа тоа Име, та затоа и овде дошол за да ги доведе врзани пред првосвештениците?“ А Савле стануваше сѐ посилен и ги збунуваше Јудејците кои живееја во Да­маск, докажувајќи им дека Овој е Хрис­тос.