Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 9:1-43

Дела 9:1-43 MK2006

А Савле, дишејќи уште со застрашувања и убиства против учени­ци­те на Господа, дојде кај првосвеште­ни­кот и побара од него писма за синаго­ги­те во Дамаск, така што, ако таму најде некои што го следат овој пат, мажи и жени, врзани да ги доведе во Ерусалим. Но, додека по патот наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото, и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ А тој одговори: „Кој си Ти, Гос­по­ди­не?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш.“ (Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи, што сакаш да на­пра­вам?“ А Господ му рече:) „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“ А луѓето, што одеа по него, стоеја занемени од вчудовиденост, зашто слу­шаа глас, а никого не гледаа. Савле стана од земјата и, макар што му беа очите негови отворени, ништо не гледаше: и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск. И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше. Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Гос­под му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме Господи!“ Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот Јудин побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој сега се моли.“ И во видение виде еден човек, по име Ананија, како му пријдува и полага раце над него, за да може да прогледа. А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Еру­салим; а тој и овде има овластување од првосвештениците да ги врзува сите што го повикуваат името Твое.“ Но Господ му рече: „Оди, зашто тој ми е избран сад, за да го изнесе името Мое пред народи и цареви и синовите Израелови. И Јас ќе му покажам колку треба тој да пострада заради името Мое.“ А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи рацете свои над не­го, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.“ И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и кога ста­на, се крсти. А откако прими храна, Савле зак­репна. Потоа неколку дена преседе со учениците во Дамаск; и веднаш почна да проповеда во си­нагогите за Исус дека е Тој Син Божји. И сите што го слушаа, се чудеа и зборуваа: „Не е ли ова оној, кој во Еру­салим ги гонеше оние што го повикуваа тоа Име, та затоа и овде дошол за да ги доведе врзани пред првосвештениците?“ А Савле стануваше сѐ посилен и ги збунуваше Јудејците кои живееја во Да­маск, докажувајќи им дека Овој е Хрис­тос. Кога помина многу време, Јудеј­ци­те се договорија да го убијат. Но Савле дозна за нивниот заговор. Тие, пак, дење и ноќе го чекаа на пор­та­та за да го убијат. Затоа учениците го зедоа ноќе и в кошница го спуштија по ѕидот. А кога пристигнаа во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од не­го, бидејќи не веруваа дека тој навистина е ученик. Варнава, пак, го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господа, дека Гос­под му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено го проповедал името на Исус. И оттогаш тој остана со нив, влегуваше и излегуваше во Ерусалим, и сме­ло говореше во името на Господ. А зборуваше и се препираше исто така и со елинизираните Јудејци, кои се обидуваа да го убијат. Штом разбраа за тоа браќата, го од­ведоа во Кесарија, од каде го испратија во Тарс. А црквата по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беше во мир, се изградуваше и живееше во страхопочит кон Господ, и растеше со утехата на Светиот Дух. Петар откако ги обиколи сите, сле­зе и кај светиите што живееја во Лида. Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на пос­тела, зашто бил неподвижен. И Петар му рече: „Енеј, тебе те ис­целува Исус Христос. Стани и направи си ја постелата сам!“ И тој веднаш ста­на. И го видоа сите што живееја во Ли­да и во Сарон, и се обратија кон Господ. Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше. И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја. А бидејќи Лида беше близу до Јо­пи­ја, учениците штом слушнаа дека е Пе­тар таму, веднаш испратија двајца луѓе кај него, молејќи го да дојде до нив што побргу. Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, плачеј­ќи и покажувајќи му ги ризите и обле­ките што ги беше правела Срна додека живееше со нив. Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ И таа ги отвори очите свои, го погледна Петар и седна. А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива. И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господ. А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој си кожар Симон.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Дела 9:1-43

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност