Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 7:17-35

Дела 7:17-35 MK2006

Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето, сѐ додека во Египет не дојде друг цар кој не го познаваше Јосиф. Тој лукаво постапи со нашиот на­род, ги мачеше татковците наши, при­силувајќи ги своите новороденчиња да ги оставаат за да не останат живи. Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше на Бога мил. Три месеци беше хранет во куќата на својот татко. А кога беше оставен, него го приб­ра фараоновата ќерка и го одгледа ка­ко свој син. И ја научи Мојсеј целата мудрост египетска и беше силен во зборови и во дела. А кога навршуваше четириесет го­дини, нему му дојде на ум да ги посети браќата свои, синовите Израелови. И кога виде дека еден од нив го на­вредуваа, го заштити; одмаздувајќи се за измачуваниот, го уби Египќанецот. Тој мислеше дека браќата негови ќе согледаат дека Бог преку неговата рака ќе им даде спасение, но тие не сфатија. А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и ги советуваше да се смират, велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘ Но оној што го навредуваше својот ближен, го одби од себе и му рече: ‚Кој те поставил да бидеш началник и судија над нас? Или, пак, и мене сакаш да ме уби­еш, како што вчера го уби Егип­ќа­не­цот?‘ Од тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во земјата мидјанска, каде што му се родија два сина. И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен во една капина. Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, пристигна до него гласот Господов: ‚Јас сум Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јако­вов.‘ Мојсеј се стресе и не смееше да погледа. А Господ му рече: ‚Собуј си ги обув­ките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја! Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав не­говото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега пријди да те пратам во Египет!‘ Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, ве­лејќи: ‚Кој те поставил за началник и судија‘, него Бог преку ангелот, кој му се јави во капината, го прати за на­чал­ник и избавител.