Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 7:1-16

Дела 7:1-16 MK2006

Тогаш првосвештеникот рече: „Така ли е тоа?“ А тој одговори: „Луѓе браќа и тат­ковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан, и му рече: ‚Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татко ти, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.‘ Тогаш тој излезе од земјата Хал­деј­ска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресели во оваа земја, каде што живеете вие сега. И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во посед, иако уште немаше челад. И му рече Бог вака: ‚Потомците твои ќе бидат населени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четиристотини години. Но јас ќе му судам на оној народ, под чие ропство ќе бидат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова мес­то‘. И му го даде заветот за обрезание. Потоа на Авраам му се роди Исак и тој го обреза на осмиот ден; а Исак го роди Јакова, Јаков, пак, дванаесетте патријарси. Патријарсите беа завидливи кон Јо­сиф и го продадоа во Египет; но Бог бе­ше со него, и го избави од сите негови маки и го дарува со благодат и мудрост пред фа­раонот, египетскиот цар, кој го постави и за началник над Египет и над целиот свој дом. Тогаш настана глад и голема мака по целата земја египетска и хананска, и нашите татковци не наоѓаа храна. А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, ги прати таму по прв пат тат­ковците наши. И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го запозна родот на Јосиф. Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и сиот свој род – седумдесет и пет души. И така Јаков слезе во Египет, и та­му умре тој и татковците наши; и ги пренесоа во Сихем, и ги по­ло­жија во гробот, што во Сихем го беше купил за сребро Авраам од синовите на Емор.