Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 5:17-33

Дела 5:17-33 MK2006

Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист, и ги кренаа рацете свои на апостолите и ги ставија во јавниот затвор. Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече: „Одете, застанете во храмот и ка­жувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“ Штом го слушнаа тоа, апостолите влегоа утрината во храмот и почнаа да поучуваат. А првосвештеникот и не­го­вите приврзаници кога дојдоа, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израеловите синови и пратија во зат­во­рот луѓе да ги доведат апостолите. Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија, велејќи: „Затворот го најдовме зак­лучен како што треба и стражата сто­еше надвор пред портата. А кога отво­ривме, внатре никого не најдовме.“ Штом ги слушнаа овие зборови, храмскиот заповедник и прво­свеш­те­ни­ците збунети размислуваа што би требало да значи тоа. Но некој дојде, ги извести и им ре­че: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“ Тогаш храмскиот заповедник отиде заедно со слугите и ги доведе, но не на сила; зашто се плашеа од народот со ка­мења да не ги убијат нив самите. А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот и првосвештеникот, пра­шувајќи ги, рече: „Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“ А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето. Бог на татковците наши Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст. Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израел. За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“ Кога го слушнаа тоа, тие се разлутија и мислеа да ги убијат.