А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите. Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата? Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“ Кога ги слушна Ананија тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа. Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа. А кога поминаа околу три часа, влезе и жената негова, не знаејќи што се случило. И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“ Петар потоа ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата веќе стојат нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“ И таа веднаш падна пред нозете негови и издивна. А момчињата кога влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж. И голем страв ја обзеде целата Црква и сите оние што го слушнаа тоа.
Прочитај Дела 5
Слушај Дела 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 5:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа