А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко. Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус Христос; и имаше голема благодат над сите нив. Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби. Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, левит, родум од Кипар, кој имаше нива, ја продаде, ги донесе парите и ги положи пред нозете на апостолите.
Прочитај Дела 4
Слушај Дела 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 4:32-37
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа