Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 4:23-37

Дела 4:23-37 MK2006

И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа прво­свештениците и старешините. А овие, штом ги ислушаа, едно­душ­но го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив; и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и лу­ѓе­то намислуваат празни работи? Се дигнаа царевите земни и кнезо­вите се собраа заедно против Господ и против Неговиот Помазаник‘. И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израелски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти, за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја – да се збидне. И сега, Господи, погледај на нивн­и­те заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го про­по­ве­даат Твоето слово, полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“ И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо. А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко. Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус Христос; и имаше голема благодат над сите нив. Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и па­рите земени за нив ги донесуваа и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби. Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, левит, родум од Кипар, кој имаше нива, ја продаде, ги до­не­се парите и ги положи пред нозете на апостолите.