И уште додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свештениците, старешината на храмот и садукеите, огорчени што тие го поучуваат народот и навестуваат воскресение на мртвите во името на Исус Христос; и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило. А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади. Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците, првосвештеникот Ана, Кајафа, Јован и Александар, и сите што му припаѓаа на родот првосвештенички. Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква моќ и во чие име го направивте ова?“ Тогаш Петар, исполнет со Дух Свети, им рече: „Началници народни и старешини израелски, ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој излекуван, тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израелски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, Кого Бог Го воскресна од мртвите. Тој е оној камен што од вас ѕидарите беше отфрлен, Кој стана камен темелник; и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.“ А кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и дознаа дека тоа се неуки и прости луѓе, тие само се восхитуваа. Сфатија дека и тие беа со Исус.
Прочитај Дела 4
Слушни за Дела 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 4:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа