Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 28:1-10

Дела 28:1-10 MK2006

И тогаш, откако се спасивме, дознавме дека островот се вика Мелит. А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, би­дејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган. А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака. Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“ Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана. А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, би­дејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го проме­нија мислењето и велеа дека е тој бог. Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поп­лиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше. А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се по­моли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели. Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа. Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред заминување нѐ снабдија со сите потребни рабо­ти.