Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 27:27-44

Дела 27:27-44 MK2006

Беше веќе четиринаесетта ноќ, от­како бевме носени наваму-натаму по Јадранското Море, кога кон полноќ морнарите насетија дека се при­бли­жу­ваат до некакво копно, и, кога ја измерија длабочината, от­крија дека изнесува дваесет фати; па отидоа малку потаму, измерија пак и најдоа петнаесет фати. И бидејќи се плашеа да не удрат на карпести места, од страната на кор­ми­лото спуштија четири котви, па чекаа да осамне. А кога морнарите намислија да по­бегнат од коработ, и спуштија чун во морето како да ќе спуштаат котви од предната страна, Павле му рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на ко­работ, вие не можете да се спасите.“ Тогаш војниците ги пресекоа ја­жи­њата на чунот и го оставија да падне до­лу. И пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е чети­ринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо. Затоа, ве молам, каснете: тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“ Штом го рече тоа, зеде леб, Му бла­годари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде. Тогаш се ободрија сите и зедоа хра­на; а во коработ нѐ имаше вкупно двесте седумдесет и шест души. И кога се поткрепија, почнаа да го олеснуваат коработ, исфрлувајќи го житото в море. Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песок, на кој решија, ако им појде од рака, да го извлечат коработ. И дигајќи ги котвите, се заплови по морето; а покрај другото ги разлабавија и врските на кормилата, го развија ма­лото едро спрема ветрецот што дуваше, та пловеа кон брегот. Но удирајќи на еден гребен, прамецот на коработ се заби и веќе не се по­мрдна, а задниот дел од коработ се раз­биваше од силата на брановите. Војниците, пак, помислија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне. Но стотникот, сакајќи да го спаси Павле, ги одврати од таа намера и за­по­веда најнапред да скокнат и да излезат на земја оние, што знаат да пливаат, а другите – кој на штица, кој на штогоде од коработ. И така излегоа си­те живи и здрави на земја.