Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 27:1-12

Дела 27:1-12 MK2006

Кога беше одлучено да отпло­виме за Италија, Павле и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник, по име Јулиј, од царската чета. Се качивме на една адрамитски ко­раб, кој требаше да плови покрај азис­ките места, и така отпловивме. Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун. На другиот ден стигнавме во Сидон. И Јулиј, кој постапуваше со Павле чо­векољубиво, му дозволи да појде до пријателите свои, за да се погрижат за него. Кога тргнавме оттаму, пловевме во заветрината на Кипар, бидејќи ветровите дуваа спротивно, и, откако го препловивме морето по­крај Киликија и Памфилија, стигнавме до Мира Ликиска. Таму стотникот најде еден александриски кораб, кој пловеше за Италија, и нѐ префрлија во него. И пловејќи полека многу дни, одвај стигнавме до Крит. Бидејќи ветрот нѐ спречуваше да влеземе таму, допловивме под Крит покрај Салмона. И, откако со мака пловевме покрај неа, стигнавме до едно место, наречено Добри Пристаништа, близу кое се на­оѓаше градот Ласеја. Откако мина многу време и пло­ве­њето стана веќе многу поопасно, а и постот беше веќе минал, Павле ги опо­мена и им рече: „Гледам, луѓе, дека пловењето ќе биде мачно и со голема штета не само за товарот на коработ, туку и за животите наши.“ Но стотникот повеќе му веруваше на кормиларот и сопственикот на бро­дот отколку на зборовите Павлови. А бидејќи пристаништето не беше погодно за презимување, многумина изјавија дека сакаат оттаму да отпловат, ако е можно, до Феникс, критското пристаниште, кое се наоѓа спроти југо­западниот и северозападниот ветар, и таму да презимуваат.