Агрипа му рече на Павле: „Допуштено ти е да зборуваш во своја полза.“ Тогаш Павле ја подаде раката и почна да зборува во своја одбрана: „Радосен сум, царе Агрипа, што денес пред тебе ќе можам да се бранам за сѐ што ме обвинуваат Јудејците, дотолку повеќе, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво. Мојот живот од раната младост, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци; тие одамна ме знаат, – ако сакаат нека сведочат, – дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера; а сега стојам пред суд поради надежта во ветувањето дадено од Бога на татковците наши
Прочитај Дела 26
Слушни за Дела 26
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 26:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа