Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 25:1-12

Дела 25:1-12 MK2006

А Фест, откако по три дена прими власт, излезе од Кесарија и дојде во Ерусалим. Тогаш првосвештеникот и ста­ре­ши­ните јудејски му се пожалија против Павле, и го молеа, барајќи милост за себе против него, да го прати во Ерусалим, и редеа заседа за да го убијат патем. Но Фест одговори дека Павле се чу­ва под стража во Кесарија, а и дека тој сам скоро ќе отпатува таму. „Кои, пак, од вас, можат, нека дојдат со мене, и ако има некаква вина на овој човек, тогаш нека го обвинат.“ И откако беше кај нив, не повеќе од десет дена, слезе во Кесарија, и утредента седна на судскиот стол и заповеда да го доведат Павле. А кога го доведоа, Јудејците што беа дошле од Ерусалим, застанаа наоколу, и многу тешки обвиненија изнесуваа против Павле, кои не можеа да ги дока­жат. А тој, бранејќи се, рече: „Со ништо не се огрешив ни против Законот јудеј­ски, ни против храмот, ниту, пак, против царот.“ Но Фест, сакајќи да им угоди на Ју­дејците, му одговори на Павле и рече: „Сакаш ли да одиш горе во Ерусалим и таму да ти се суди за тоа од мене?“ А Павле одговори: „Стојам пред царевиот суд, каде што треба да бидам суден. Јудејците не сум ги навредил со ништо, како што и ти тоа многу добро го знаеш. Зашто, ако сум виновен и сум на­правил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа во што ме обвинуваат тие нема ништо, тогаш никој не може да ме пре­даде на нив. Се повикувам на царот.“ Тогаш Фест, откако се посоветува со Советот, одговори: „Се повика на царот, – рече, – кај царот ќе појдеш.“