Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 23:1-11

Дела 23:1-11 MK2006

Павле го впери својот поглед кон Синедрионот и рече: „Луѓе браќа! До оној ден со најчиста совест пред Бога живеев!“ А првосвештеникот Ананија на оние, што стоеја пред него, им заповеда да го удрат по устата. Тогаш Павле му рече: „Бог тебе ќе те удри, ѕиду варосан! Ти седиш, за да ме осудиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!“ А оние што стоеја пред него, рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го навредуваш?“ Павле одговори: „Не знаев, браќа, дека тој е првосвештеник; бидејќи е на­пишано: ‚Началникот на твојот народ да не го злословуваш.‘“ А кога дозна Павле дека еден дел од нив се садукеи, а другиот – фарисеи, из­вика во Синедрионот: „Луѓе браќа! Јас сум фарисеј, син на фарисеј; за надеж во воскресение на мртвите ми се суди!“ Кога го кажа тоа, настана расправија меѓу фарисеите и садукеите, и мно­зина од народот се раздвоија. Зашто садукеите велат дека нема ни воскресение, ни ангел, ни дух; а фарисеите го признаваат и едното и другото. Настана голема врева; и станаа книжниците од фарисејската страна и почнаа да се препираат, велејќи: „Ниш­то лошо не наоѓаме во овој човек; ако, пак, нему му зборувал дух или ангел, тогаш да не Му се противиме на Бога.“ И бидејќи настана голема меша­ни­ца, заповедникот, уплашен да не го растргнат Павле, им заповеда на војниците да слезат и да го грабнат од нив и да го одведат во тврдината. Ноќта му се јави Господ и му рече: „Не плаши се, Павле! И како што све­дочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим.“