Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 22:22-29

Дела 22:22-29 MK2006

И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и почнаа да викаат: „Тргни го од земјата таков! Тој не треба да живее!“ И бидејќи тие вревеа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот, заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него. Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски гра­ѓанин, и тоа без пресуда?“ Кога го слушна тоа стотникот, отиде да го извести заповедникот, па му рече: „Што мислиш да правиш? Овој човек е римски граѓанин!“ Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски гра­ѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“ А заповедникот рече: „Тоа гра­ѓан­ско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“ И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповедникот, кога дозна дека е тој римски гра­ѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност