И во првиот ден на седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи словото до полноќ. Во горната одаја, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки. А едно момче, по име Евтих, седеше на еден прозорец, и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше многу, се помрдна во сонот и падна од третиот кат, и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: „Не создавајте немир, зашто душата негова уште е во него!“ А потоа, откако се качи горе, прекрши леб, го проба и зборуваше долго, дури до зори, а потоа отпатува. Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши.
Прочитај Дела 20
Слушни за Дела 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 20:7-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа