Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 20:1-38

Дела 20:1-38 MK2006

Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и, откако им даде упатства, се прости со нив и тргна на пат кон Македонија. А кога ги мина оние места и им даде многу упатства на верните, тој прис­тиг­на во Грција; таму остана три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против не­го, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија. До Азија го придружуваше Соси­па­тар Пиров од Верија а од солунјаните Аристарх и Секунд, Гај од Дерва и Ти­мотеј, и азијците Тихик и Трофим. Тие отидоа порано и нѐ чекаа во Троада. А ние отпловивме од Филипи по дните на Бесквасници и за пет дена пристигнавме во Троада кај нив, каде што поминавме седум дена. И во првиот ден на седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи сло­вото до полноќ. Во горната одаја, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки. А едно момче, по име Евтих, седеше на еден прозорец, и, совладано од дла­бок сон, додека Павле зборуваше многу, се помрдна во сонот и падна од третиот кат, и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: „Не созда­вајте немир, зашто душата негова уште е во него!“ А потоа, откако се качи горе, пре­крши леб, го проба и зборуваше долго, дури до зори, а потоа отпатува. Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши. Ние отидовме порано со кораб и от­пловивме во Асос, од каде што имавме намера да го земеме Павле, зашто са­ка­ше таму да патува пеш. Така ни беше порачал. Кога се сретна со нас во Асос, го зе­довме во коработ и дојдовме во Ми­ти­лина. А кога отпловивме оттаму, на вто­ри­от ден застанавме спроти Хиос, а следниот ден стигнавме во Самос, на вториот ден дојдовме во Милит. Во тоа време Павле реши да по­ми­не покрај Ефес, та да не се задржи мно­гу во Азија, зашто се брзаше да биде во Ерусалим на денот на Педесетница. Но од Милит прати во Ефес да ги повика црковните старешини. И кога дојдоа кај него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, откако дој­дов во Азија, го минував времето со вас, служејќи Му на Господ со голема понизност и многу солзи, во ис­ку­ше­ни­ја, што ми се случуваа заради лошите замисли на Јудејците; дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поу­чувам на јавни места и по куќите, сведочејќи им сериозно и на Ју­деј­ците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос. И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи на што ќе наидам таму, освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки. Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и служ­ба­та што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат. И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо. Затоа во денешниов ден ви све­до­чам дека сум чист од крвта на сите, бидејќи не пропуштив да ви ја со­општам во целост волјата Божја. Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв. Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото; а и од вас самите ќе произлезат лу­ѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе. Затоа бидете будни и помнете дека цели три години дење и ноќе не прес­та­нував со солзи да поучувам секого од вас. А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Тој може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите посветени. Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека; сами знаете дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми по­слу­жи­ја овие мои раце. Со сѐ ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на не­моќ­ните, а исто така и да ги помните збо­ро­вите на Господ Исус, зашто Тој Сам ре­че: ‚Поблажено е да се дава, отколку да се прими.‘“ Кога го рече тоа клекна на колена и заедно со сите се молеше. Тогаш сите плачеа многу и гуш­кај­ќи го Павле околу вратот, го целиваа, нажалени најмногу од зборот што рече дека нема веќе да го видат лицето негово. И го испратија до коработ.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност