Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 19:1-10

Дела 19:1-10 MK2006

Додека Аполос беше во Коринт, Павле откако мина низ горните земји, дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици, и им рече: „Кога поверувавте, при­мив­те ли Дух Свети?“ А тие му одгово­рија: „Ние не сме ни слушнале дека има Дух Свети.“ Тој им рече: „А како бевте крс­те­ни?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.“ Павле рече: „Јован крштаваше со покајно крштавање, велејќи му на на­ро­дот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исус Христос.“ Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господ Исус. И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив. Тогаш тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат. А вкупно беа околу дванаесет души. Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо. Но, бидејќи имаше некои жестоки противници на верата, кои говореа ло­шо за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои уче­ни­ците и секојдневно расправаше во учи­лиштето на некој си Тиран. Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Јудеј­ците, така и Елините, можеа да го слу­шаат словото за Господ Исус.