Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 18:23-28

Дела 18:23-28 MK2006

Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици. И дојде во Ефес некој си Јудеец, по име Аполос, родум од Александрија. Тој беше красноречив човек, упатен во Писмата. Беше поучен во патот Господов и со распламнат дух, зборуваше и поу­чу­ва­ше правилно за Господ, иако знаеше са­мо за Јовановото крштение. Тој почна да зборува смело во сина­го­гата. Кога го слушнаа Акила и Прис­кила, го примија кај нив и му го из­ло­жија патот Господов поточно. А кога тој сакаше да замине за Ахаја, браќата се обратија со писмо до тамошните ученици, за да го примат; и тој кога стигна таму, многу им помогна на верниците преку благодатта, бидејќи силно ги побиваше Ју­деј­ци­те пред целиот народ, докажувајќи пре­ку Писмата дека Исус е Христос.