Откако помина таму уште многу време, Павле се прости со браќата и отплови за Сирија заедно со Акила и Прискила, откако ја острига главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет. Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците. А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи, туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и потоа замина за Антиохија. Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.
Прочитај Дела 18
Слушни за Дела 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 18:18-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа