Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некој си ученик, по име Тимотеј, син на Јудејка, која ја прифати верата, и на татко Елин; тој ученик беше на добар глас меѓу браќата во Листра и Иконија. Павле посака да го земе со себе. Затоа откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин. И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на одредбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим. И така, црквите се утврдуваа во верата, а и по број се зголемуваа секој ден. Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија. А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти. И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада. Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.
Прочитај Дела 16
Слушни за Дела 16
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 16:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа