Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 15:1-5

Дела 15:1-5 MK2006

А некои луѓе слегоа од Јудеја, и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според обичајот Мојсеев, не може да бидете спасени!“ А бидејќи настана бунт, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, одлучија Павле и Варнава и некои дру­ги од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка. Тие, пак, испратени од црквата, па­туваа низ Феникија и Самарија, и рас­кажувајќи за обраќањето на нез­на­бош­ците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа. А кога пристигнаа во Ерусалим, ги примија црквата, апостолите и старе­шините, а тие известија за сѐ што на­прави со нив Бог. Тогаш станаа некои од при­вр­за­ни­ци­те на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезува­ат, и да им се заповеда да го пазат Зако­нот Мојсеев.