Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 15:1-21

Дела 15:1-21 MK2006

А некои луѓе слегоа од Јудеја, и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според обичајот Мојсеев, не може да бидете спасени!“ А бидејќи настана бунт, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, одлучија Павле и Варнава и некои дру­ги од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка. Тие, пак, испратени од црквата, па­туваа низ Феникија и Самарија, и рас­кажувајќи за обраќањето на нез­на­бош­ците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа. А кога пристигнаа во Ерусалим, ги примија црквата, апостолите и старе­шините, а тие известија за сѐ што на­прави со нив Бог. Тогаш станаа некои од при­вр­за­ни­ци­те на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезува­ат, и да им се заповеда да го пазат Зако­нот Мојсеев. Апостолите и старешините се соб­раа да го разгледаат тоа прашање. По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе браќа, вие знаете дека Бог од првите дни ме избра меѓу вас, незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на Евангелието и да поверуваат; и Бог, Кој ги познава срцата, им пос­ведочи, и им даде Дух Свети како и нам. Тој не направи никаква разлика ме­ѓу нас и нив, зашто со верата ги очисти нивните срца. Сега, пак, зошто Го искушувате Бо­га, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, ниту ние. Но ние веруваме дека ќе се спасиме со благодатта на Исус Христос, исто ка­ко и тие.“ Тогаш замолкна сето мноштво и го слушаа Варнава и Павле, кои при­кажуваа какви знаци и чудеса направил Бог преку нив меѓу незнабошците. А кога тие престанаа, тогаш прозборе Јаков и рече: „Мажи браќа, слуш­нете ме! Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, за да избере од нив народ за Неговото име; и со тоа се согласуваат и зборовите на Пророците како што е напишано: ‚И потоа ќе се вратам и пак ќе го подигнам паднатиот дом на Давид, и неговите урнатини ќе ги поправам и ќе го издигнам, за да Го побараат Господ и другите луѓе и сите народи, кои се наречени со Моето име.‘ Така вели Господ, Кој го прави сето ова. Познати Му се на Бога сите Негови дела од создавањето на светов. Затоа јас мислам дека не треба да им прават мачнотии на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога, туку да им се заповеда да се воз­др­жуваат од идолски жртви, од блудство, од удавено и од крв, (и да не му прават на друг ништо, што ним не им е угодно). Зашто Мојсеј уште од старо време во секој град има луѓе, кои го про­по­ве­даат, бидејќи го читаат по синагогите секоја сабота.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност