Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 14:21-28

Дела 14:21-28 MK2006

И, откако го проповедаа Еванге­ли­ето во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија. Тие ги зацврстуваа душите на уче­ниците и, храбрејќи ги да бидат истрај­ни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки. Па, откако им ракоположија свеш­теници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале. А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија; и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија, а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија. По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незна­бош­ци­те. И таму престојуваа подолго време со учениците.