Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 14:19-28

Дела 14:19-28 MK2006

од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. (И кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само ла­жат), а кога го придобија народот, го ка­менуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов. Кога се собраа околу него уче­ни­ци­те, тој стана и се врати во градот. Утре­дента со Варнава заминаа за Дерва. И, откако го проповедаа Еванге­ли­ето во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија. Тие ги зацврстуваа душите на уче­ниците и, храбрејќи ги да бидат истрај­ни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки. Па, откако им ракоположија свеш­теници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале. А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија; и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија, а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија. По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незна­бош­ци­те. И таму престојуваа подолго време со учениците.