Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа. А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата. Но тие сепак останаа тука доста време и смело говореа за Господ, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да стануваат знаци и чуда. А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите. И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат, тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина. Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.
Прочитај Дела 14
Слушни за Дела 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 14:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа