Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 14:1-22

Дела 14:1-22 MK2006

Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини по­веруваа. А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на нез­набошците против браќата. Но тие сепак останаа тука доста вре­ме и смело говореа за Господ, Кој све­дочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да станува­ат знаци и чуда. А народот во градот се раздели: ед­ни беа со Јудејците, а други со апостолите. И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат, тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина. Таму почнаа да го проповедаат Евангелието. Во Листра седеше еден човек, не­мо­ќен во нозете. Тој бил сакат од мај­чи­ната утроба, не можел да оди никогаш. Тој слушаше додека Павле зборува­ше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави, па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господ Исус Хрис­тос: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди. А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и изви­каа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“ И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот. Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се на­оѓаше пред новиот град, откако доведе јунци и венци пред портата, сакаше за­едно со народот да принесе жртва. Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи: „Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви про­по­ве­да­ме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; Кој поранешните поколенија на на­родите ги остави да врват по нивните патишта, иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“ И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа), од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. (И кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само ла­жат), а кога го придобија народот, го ка­менуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов. Кога се собраа околу него уче­ни­ци­те, тој стана и се врати во градот. Утре­дента со Варнава заминаа за Дерва. И, откако го проповедаа Еванге­ли­ето во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија. Тие ги зацврстуваа душите на уче­ниците и, храбрејќи ги да бидат истрај­ни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност