Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 13:44-52

Дела 13:44-52 MK2006

Следната сабота се собра скоро це­лиот град да го слушне словото Божјо. Но Јудејците, кога видоа многу на­род, се исполнија со завист и му против­речеа на она што го зборуваше Павле и хулеа. Тогаш Павле и Варнава им рекоа отворено: „Словото Божјо требаше најнапред вам да ви се проповеда, но кога вие го отфрлате и сами покажувате де­ка не сте достојни за вечниот живот, за­тоа, еве, ние се обраќаме кон незнабош­ците. Зашто Господ така ни заповеда: ‚Те поставив за светлина на незнабошците, да бидеш спасение до крајот на земјата.‘“ Незнабошците, слушајќи го тоа, се радуваа и го славеа словото Господово и поверуваа сите, кои беа определени за живот вечен. И словото Господово се распространуваше по целиот крај. Но Јудејците, откако ги наговорија побожните и чесните жени и градските првенци, поттикнаа гонење против Павле и Варнава, и ги истераа од својот крај. Тие, го истресоа правот од нозете свои на нив, и дојдоа во Иконија. А учениците се исполнија со радост и Дух Свети.