И така, испратени од Светиот Дух, тие слегоа во Селевкија, и оттаму отпловија за Кипар. И кога стигнаа во Саламин, тие го проповедаа словото Божјо во јудејските синагоги, а го имаа со себе и Јован како помошник. А кога го поминаа островот сѐ до Пафос, наидоа на еден човек маѓесник и лажен пророк, Јудеец, по име Варисус, кој беше со намесникот Сергиј Павле, човек умен. Тој ги повика Варнава и Савле, и посака да го слушне словото Божјо. Но им се спротивстави Елима – маѓесникот, така всушност се преведува неговото име, настојувајќи намесникот да го одврати од верата. Но Савле, наречен Павле, исполнет со Дух Свети, го впери погледот на него, и рече: „О, ти кој си полн со секакво лукавство и злоба, сине ѓаволски, непријателу на секоја праведност, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта? И еве сега, раката Господова е врз тебе; ќе бидеш слеп и за некое време нема да го гледаш сонцето!“ И наеднаш над него падна мрак и темнина, и џбарајќи, бараше водач. Тогаш намесникот, откако виде што се случи, поверува, восхитен од учењето Господово.