Ноќта, спроти денот кога Ирод сакаше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два пара ланци, а стражарите пред портата го чуваа затворот. И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го разбуди, па му рече: „Стани брзо!“ И оковите му паднаа од рацете негови. Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги чевлите!“ Така и направи. И пак му рече: „Облечи ги алиштата свои и оди по мене!“ И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека гледа привид. Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот го снема.
Прочитај Дела 12
Слушни за Дела 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 12:6-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа