Ирод беше гневен на Тирците и Сидонците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна Власта, царевиот собар, побараа мир. Во договорениот ден Ирод, облечен во царска облека, седна на престолот и одржа говор пред народот. А народот воскликнуваше: „Ова е глас Божји, а не човечки.“ Но ненадејно во истиот миг ангел Господов, силно го удри, зашто не Му воздаде слава на Бога. И, изеден од црви, тој умре. А словото Божјо сѐ повеќе растеше и се распространуваше.
Прочитај Дела 12
Слушни за Дела 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 12:20-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа