Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 11:9-30

Дела 11:9-30 MK2006

А гласот од небото повторно прого­вори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘ Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото. И ете, во тој час застанаа тројца лу­ѓе, испратени кај мене од Кесарија. А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек. Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Си­мон, наречен Петар. Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘ И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот. Тогаш се сетив на зборовите Гос­по­дови: ‚Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘ Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господ Исус Христос, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“ Откако го ислушаа тоа, тие се ус­по­ко­ија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“ А оние, што се беа распрснале по­ради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците. А некои од нив – Кипрани и Ки­ри­нејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Ели­ни­те, навестувајќи го Евангелието на Гос­под Исус. И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господ. Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија. А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бод­реше сите да пребиваат во Господ со не­поколебливо срце. Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мнош­тво луѓе се припои кон Господ. Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле. И кога го најде, го доведе во Анти­о­хија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за прв пат ги на­ре­коа учениците христијани. А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци. И еден од нив, по име Агав, претскажа преку Духот дека по целата вселе­на ќе настане голем глад. И токму так­ва голема и настана во времето на ца­рот Клавдиј. Тогаш учениците решија, секој, колку што има, да испрати за поткрепа на браќата, што живееја во Јудеја. Тоа го направија, така што го пра­тија собраното до старешините преку Варнава и Савле.