Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 10:39-48

Дела 10:39-48 MK2006

И ние сме сведоци за сѐ што на­пра­ви Тој во земјата Јудејска и во Еру­са­лим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадев­ме и пиевме со Него по Неговото вос­креснување од мртвите. И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите. Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе поверува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Него­во­то име.“ Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото. А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците, зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече: „Може ли некој да ја забрани водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Духот Свети како и ние?“ И им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив неколку де­на.