Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 10:37-48

Дела 10:37-48 MK2006

Вие знаете за сето она што се слу­чуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го про­поведаше Јован: како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој оде­ше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него. И ние сме сведоци за сѐ што на­пра­ви Тој во земјата Јудејска и во Еру­са­лим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадев­ме и пиевме со Него по Неговото вос­креснување од мртвите. И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите. Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе поверува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Него­во­то име.“ Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото. А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците, зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече: „Може ли некој да ја забрани водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Духот Свети како и ние?“ И им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив неколку де­на.