Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „Навистина сфаќам дека Бог не гледа на лице; туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно. Тој им го прати на синовите Израелови словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. Вие знаете за сето она што се случуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован: како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него.
Прочитај Дела 10
Слушни за Дела 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 10:34-38
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа