Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 10:1-8

Дела 10:1-8 MK2006

Во Кесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од таканаречената Италска чета. Тој беше благочестив и богобојазлив човек, заедно со целиот негов дом; изобилно му даваше милостина на народот и секогаш Му се молеше на Бога. Еднаш околу деветтиот час од де­нот, тој виде најаве ангел Божји, како доаѓа кај него и му вели: „Корнилиј!“ А тој го впери погледот во него и си­от уплашен рече: „Што е Господи?“ Тој му рече: „Бог си спомна за молитвите твои и милостините твои. И сега, прати луѓе во Јопија и по­викај го Симон, кого го викаат Петар. Тој престојува таму како гостин кај некој си кожар Симон, чија куќа се на­оѓа покрај морето.“ Кога си отиде ангелот што му зборуваше, Корнилиј повика двајца од своите слуги и еден благочестив војник, кои постојано се наоѓаа кај него; па, откако им кажа сѐ, ги прати во Јопија.