Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 1:3-14

Дела 1:3-14 MK2006

Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крс­те­ни со Светиот Дух.“ А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го вос­тановиш, Господи, царството Изра­елово?“ И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Оте­цот ги поставил во Своја власт; но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Са­марија, и сѐ до крајот на земјата.“ И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го под­зе­де од пред очите нивни. И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го ви­дов­те да оди на небото.“ Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.